Истанбул 8-ми Март(3 ноќи)

промо цена 119 евра / 7,400 денари

Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

ПРВ ДЕН (06.03.2024) Среда

Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.

ВТОР ДЕН (07.03.2024) Четврток

Пристигнување на групта во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.

Облакодерот “Сафир”-Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул.Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата и каде што има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед.Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон Европската и Азиската страна од градот.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијата од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул. Групата има слободно време, и се упатуваат кон Ортаќој.

Ортаќој - Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул.Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост.Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробат традиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии.

ТРЕТ ДЕН (08.03.2024) Петок

По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт.

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

ЧЕТВРТИ ДЕН (09.03.2024) Сабота

По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.

Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ПЕТТИ ДЕН (10.03.2024) Недела

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.

Кој не би сакал шопинг?

Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.

По шопингот, поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Што е вклучено во цената

  • Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз, Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на турската продавница „Коска“
  • Шопинг во 212 центарот
  • Туристичка такса

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети
  • Посета на Облакодер Сафир и Ортаќој = Цена за пакет: 35евра (Оваа факултатива се купува како пакет а во неа се вклучени  облакодерот Сафир  со вклучена 4D проекција и посета на Ортаќој)
  • Посета на Балат и Галата Порт = Цена за пакет: 20евра (Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува посета на Христијанска населба Балат, и посета на најново пристаниште Галата порт.)
  • Крстарење по Босфор, палата Бејлербеи, Ускудар, Watergarden, и Таксим Плоштад, Истикал = Цена за пакет: 70евра (Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува крстарење по Босфор 2h, посета на палатата Бејлербеи, посета на Ускудар (азиски дел) Watergarden и Таксим плоштад и популарната улица Истикал.)
  • ВИП пакет = Цена за пакет: 120евра (Вклучува: Облакодер Сарфир, Ортаќој, Балат, Галата Порт, крстарење по Босфор, палата Бејлербеи, Ускудар, Water garden,Таксим плоштад)

Важно

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ

  • Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
  • МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија