Jelena Rozga, Скопје

10-ти ФЕВРУАРИ 2024

По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Skymusic со гордост го 
најавува големиот концерт на една од најпопуларните ѕвезди на нашите 
простори, Јелена Розга, која во рамки на турнејата „Минут срца мог" на 
10 февруари ќе настапи пред скопската публика во СЦ „Борис Трајковски"!

Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, 
е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж 
дека низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на 
Јелена, како што се нумерите „Бижутерија", „Окус ментола ", „Нирвана", 
„Соло играчица" и неизбежниот „Цунами", но и оние што ги пееше додека 
беше во групата Магазин, во која и ја започна кариерата.

  • Поаѓање во 18:00 часот од Неготино - пред 11 катницата.
  • Поаѓање во 18:20 часот од Кавадарци - булевар кај кружен тек Гранична полиција.
  • Следење на концертот во арената Борис Трајкоски.
  • По завршување на концертот, поаѓање за Неготино и пристигнување во доцните вечерни часови.

Автобуски превоз Неготино/Кавадарци-Скопје и обратно = 600 ден.

Доплата за влезници по избор:

  • PARTER - 1.000 DEN
  • FANPIT - 1.500 DEN
  • SILVER SEATS - 1.300 DEN  (Блок 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11)
  • GOLDEN SEATS - 1.800 DEN ( Блок 2, 3, 4, 12, 14)
  • VIP SEATS - 2.200 DEN ( Блок 13 )