Сопствена патничка програма

  • Атина 24 Мај
  • ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 99 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Програма:

1.Ден.20.05.2022.(Скопје-Атина) Состанок на групата на Дрво Декор во 21.30 часот. Поаѓање за Атина во 22.00 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2.Ден.21.05.2022(Атина) Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) Во договорено време упатување кон хотел.Сместување во хотел. Слободно попладне.Ноќевање.

3.Ден.22.05.2022(Атина-Пелопонез) Појадок. Факултативна посета на  Пелопонез со водич.

Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини. Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон. Факултативен  ручек во таверна(Микена).Во попладневните часови упатување кон Атина.Слободна вечер. Ноќевање.

4.Ден.23.05.2022 (Атина-Сунион-Скопје) Појадокот.Одјавување од хотел и се упатуваме на полудневен излет долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија.Поачање за Скопје околу 15ч по локално време.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови .

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел  3* во  Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата
  • Организиран трансфер на патници на релација Битола-Прилеп-Неготино,Куманово-Скопје.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

  • Факултативна посета на Пелопонез (35 €)
  • влезниците за театарот во Епидариус (6 €) и Микена (6 €)
  • Посета на Сунион со вклучена влезница (20€)
  • Влезница за во Акропол со водич и слушалки (25 еур)
  • Факултативна вечера или ручек во таверна
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително патничко осигурување

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Т.А ДАЈО ТУРС Неготино