Сопствена патничка програма

  •  Истанбул за 24 Мај
  • ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 79 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Програма:

1.Ден.20.05.2022.(Скопје-Истанбул) Состанок на групата на Дрво Декор во 16.00 часот. Поаѓање за Истанбул во 16.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2.Ден.21.05.2022(Истанбул) Пристигнување во Истанбул во предпладневните часови.Упатување  во хотел за оставање на багажот,доколку постои можност и чекирање во хотел. Упатување кон шопинг на Капали чаршија.Слободно попладне.Факултативна посета на шоу програма со вечера.Ноќевање.

3.Ден.22.05.2022(Истанбул.) Појадок.Организирана Факултативна посета на Долмабахче и крстарење по Босфор. По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии знаменитостите   одблизу.По крстарењето следи разглед на една од најпознатите палати на светот Долмабахче,  Турскиот Версај.Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

4.Ден.23.05.2022 (Истанабул-Скопје) Појадокот. По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Планирано тргнување за Македонија во договорено време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел  3* во  Истанбул на база 2 ноќевања со појадок
  • Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
  • Tуристичка такса
  • Посета на шопинг центар  Форум на враќање кон Македонија
  • Организација на аранжманот и пратител на групата
  • Организиран трансфер на патници на релација Битола-Прилеп-Неготино,Куманово-Скопје.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети:
  • Крстарење по Босфорот – 20 евра
  • Долмабахче – 25 евра
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15 евра
  • Ноќен Истанбул со посета на Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција) – 20 евра
  • Прошетка во населбите Ортакој, Балат и Вселенската патријаршија – 15 евра
  • Туркуазу Аквариум (влезница) –15 евра
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Пцр Тест

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
  • За Турција може да се патува со сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини) или со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)
    • Т.А ДАЈО ТУРС Неготино